Везе Шари денес го одбележа Светскиот ден на јајцето

Денес е Светски ден на јајцето кој се слави од 1996 година, на вториот петок на месец октомври. По тој повод, се организираат активности ширум светот кои се фокусираат на јајцето и придобивките од јајцата.

Јајцата се најхранлива храна на планетата. Едно јајце со средна големина содржи: 20% од дневните потреби за витамин А, 10% од дневните потреби на витамин Д потребни за оформување на скелетот, 10% од дневните потреби на витамин Е природен антиоксиданс кој го намалува ефектот на стареење, 10 % од дневните потреби со витамин К потребни за коагулација на крв и многу витамини Б, кои се вклучени во хемиски реакции во организмот.

Истотака, и минералните вредности не се мали. Јајцето содржи 17% од нашите потреби за фосфор, 15% од нашите потреби за железо, што е важно за соодветна оксигенација на ткивата.

По тој повод, компанијата „Везе Шари“, како еден од најголемите производители на свежи јајца во Македонија, донираше пакувања производи од пилешко месо од Лекер и јајца во Центарот за деца со посебни потреби во Тетово и Гостивар.

Пакети со храна беа донирани и во Детското село СОС во Скопје, симболично одбележувајќи го овој ден, предизвикувајќи насмевка на детските лица.





+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us