(ВИДЕО) Догани: За да имате успешен агробизнис, осигурете се!

Една од поуспешните македонски фирми од  агросекторот  „Везе Шари“ претставува пример за тоа како треба да се организира и да функционира една компанија  и за тоа што е неопходно да се направи за да има сигурна иднина.

За  почетоци и начинот на кој тие работат, зборува агробизнисменот Абдулезел Догани.

(ВИДЕО) Догани: За да имате успешен агробизнис, осигурете се!

📷 📷 40

Една од поуспешните македонски фирми од  агросекторот  „Везе Шари“ претставува пример за тоа како треба да се организира и да функционира една компанија  и за тоа што е неопходно да се направи за да има сигурна иднина.

За  почетоци и начинот на кој тие работат, зборува агробизнисменот Абдулезел Догани.

,,Идејата да започнеме со овој бизнис доаѓа од Германија, каде што работеше еден од сопствениците, поточно Господинот Арбен Абдурахмани, решава да се врати во Македонија и заедно со  партнерите да инвестира во своето родно село. Така започнува приказната за Везе Шари”- вели Догани.

Уште на самиот почеток инвестирале во најнова технологија за одгледување на кокошки несилки и производство на конзумни јајца, која доаѓа до израз преку кавалитетот на нивните производи.

Денес Везе Шари  извезува конзумни јајца  во Европската Унија, застапена е на грчкиот и бугарскиот пазар, потоа во Хрватска, Албанија, Косово и т.н. Исто така има дозвола да ги снабдува НАТО силите и се наоѓа на официјалната листа на Пентагон со што може да ја снабдува американската војска со конзумни јајца било каде во светот. Тоа е уште една потврда за квалитетот на нивниот финален производ и нивната сериозност како фирма.

Пред извесно време оваа фирма се соочила со голем пожар и од тој момент сопствениците одлучуваат дека задолжително целата фарма мора да биде осигурана.

,, Сумата што ја издвојуваме за осигурување е минимална во однос на гаранцијата и заштитата која ја имаме од страна на  осигурителната компанијата. Исто така, се чувствуваме побезбедни и посигурни во однос на склучувањето на повеќегодишни  договори со нашите коминтенти затоа што знаеме дека поради некои надворешни влијанија нема да го прекинеме бизнисот и соработката” – вели Догани.

,, Како тим што работи земјоделско осигурување, ние не сме фокусирани само на осигурувањето, туку имаме интензивни контакти со претставниците на Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство, со цел да им помогнеме на земјоделците кои се наши клиенти да обезбедат сигурен пласман на своите производи. Со тоа сакаме  земјоделците  да бидат задоволни со осигурувањето и обесштетувањето во случај на штета  но и со пламанот на она што го произвеле” –  вели Илче Талевски од СН Осигурителен брокер Битола.

Од кампањата „Не гледај во небото, осигури се“! на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“

+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us