Електро Шари на саемот за органските производи и производители



Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку

истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ од Куманово на 21 Септември 2019 година организираше саем „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“, за претставување на органските производи и производители од Македонија кој се одржа по втор пат.

На манифестацијата, активно учество имаа околу 100 излагачи-производители на

органска и традиционална храна и производи, а свое активно учество и допринос имаше и Електро Шари со претставување на органскиот подобрувач на својствата на почвата NATURPUR.

NATURPUR има широка примена во поледелството, градинарството, овоштарството и лозарството и истиот како производ е одобрен од МЗШВ согласно Законот за нус производи од животинско потекло.

На саемот покрај претставници од разни земјоделски организации и институции, присуствуваа и г-дин Трајан Димковски, Министер за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Н. Е г-ѓа Сибил Сутер Техада, Амбасадорка на Швајцарија во РС Македонија, Н. Е г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, Амбасадорка на Р. Србија во РС Македонија и г-дин Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.






+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us