+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us

Зајакнување на социјалниот дијалог на локално ниво – Надминување на предизвиците на локално ниво

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во соработка со Светската организација на трудот, организираше конференција на тема „Зајакнување на социјалниот дијалог на локално ниво - Надминување на предизвиците на локално ниво, пример на успешна трипартитна соработка“.


На оваа панел дискусија за искуството при воспоставување функционални канали за комуникација меѓу креаторите на политики на локално и национално ниво, присуствуваше и г-дин Гајур Абдурамани, директор на Електро Шари.


За време на оваа дискусија, тој ги презентираше придобивките од добра соработка меѓу националниот и локалните економско-социјални совети, споделувајќи успешни искуства со присутните.


На оваа конференција беше присутна г-ѓа Мила Чаракова, министер за труд и социјална политика на Владата на Република Северна Македонија, други претставници од институции и организации во земјата и странство.