+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us

Избор на најуспешни во областа на земјоделството

Втора година по ред во Битола во организација на здружение за земјоделци „Современо Земјоделство“ се оддржа манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ .  На манифестацијата учествуваа земјоделци - фармери, компании – стопанственици од областа на земјоделството и политичари.

На овој начин преку оваа манифестација, и се даде поголема важност на професијата „Земјоделец“, за да ги поттикнеме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, и пред се да ги поддржиме младите земјоделци и жената-земјоделец.

Пред манифестацијата се одржа мини саем со земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на земјоделски производи, млечни производи и други.

На компанијата Везе Шари и се додели признание како лидер во живинарството и производството на конзумни јајца во Република Северна Македонија. Истотака се доделија повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.

На настанот присуствувааа и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, поранешниот министер за земјоделство и актуелен Генерален секретар, Љупчо Николовски како и посебната советничка за земјоделство на претседателот на Владата, Ленче Николовска.