Што е црвената точка во јајцето и дали е опасна за здравјето?

Ако наидовте на јајце со црвена точка додека готвите, веројатно сте биле загрижени дали таквото јајце е безбедно за јадење?


Што е навистина таа црвена точка и дали е опасна за нашето здравје:

Што е црвената точка во јајцето?


Црвената точка е крв. Но, ова не е сигнал дека јајцето е расипано, туку тоа е пукнат капилар во јајниците на кокошката.


Ова може да биде предизвикано од многу работи, вклучувајќи го и стареењето на кокошката и начинот на јадење, но ова не е знак дека кокошката е болна или на некој начин малтретирана. Колку се вообичаени црвените точки?


Ретко може да најдете јајце со таква точка. Сите комерцијални јајца се сортираат, контролираат и раздвојуваат со цел да се избегне ова. Сепак, одреден број на јајца со оваа точка успеваат да поминат низ ригорозниот систем за контрола.


Повеќето јајца со крв се сортираат преку овој процес на осветлување, но некои може да останат.



Што да направите со јајцето ако ја има оваа капка крв?

Ова не е знак дека треба да се фрли јајцето. Таквите јајца се сосема безбедни, но ако крвта ви пречи, можете да ја отстраните со врв на нож и да продолжите со готвењето.


На кратко: овие црвени дамки може да изгледаат лошо, но тие се сосема нормални

+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us