+ 389 44 368-750

+ 389 44 368-750

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

Vezë Sharri-Trebosh - 1200 Tetovë - R. Maqedonisë

©2018 © Veze Sharri

Proudly created by Studio MARUBI

Follow us

Токму поради тоа што квалитетот и природното се нашите најголеми адути, одлучивме нашите производствени капацитети да ги изградиме на природните падини на Шар Планина, во чиста еколошка средина. Во питореската и недопирливата природа се распослани објекти со површина од 35.000 м2, од кои 14.000 м2 припаѓат  на индустриските и деловните објекти. Инвестицијата стартуваше во мај 2002 година со германски капитал и околу 30 високообразовани и квалификувани кадри, кои имаа целосна поддршка од странски експерти. Нашите производи ги има на македонскиот и на регионалните пазари.

ВЕЗЕШАРИ својот развоен пат го гради преку перманентно вложување во човековиот капитал и неговата стручност, производствените капацитети, модерни технолошки процеси, имплементација на највисоките стандарди, суровинската основа и продажната мрежа

LECKER
Halal Certificate
VEZE SHARRI
Halal Certificate
EBA
NATO
LECKER
ISO 22000:2005
VEZE SHARRI
ISO 22000:2005
Show More
 

Ценети потрошувачи,

Ви посакувам топло добредојде во светот на Везе шари, Лекер и Електро шари.

Префинетоста на германскиот квалитет, точноста и дисциплината во симбиоза со македонската природа, традиција и трудољубивост, изминативе години, го плетат мозаикот на нашата приказна.

Не многу типична, нашата убава и успешна приказна, започна пред петнаесетина години, како  крупен проект на живинарска фарма за производство на јајца со капацитет од дури 60 илјади гнезда. Денес, Везе шари е лидер во живинарството, благодарение на доследноста до нашата мисија - да останеме верни на квалитетот.

Високото ниво на хигиенски услови, заедно со современата технологија, се императивот на нашето работење и тоа сè со цел: врвен квалитет на нашите производи, заштита на здравјето, интересите и добриот вкус за нашите потрошувачи.

Успехот го повторивме и со Лекер (Lecker), ќерка-компанија на Везешари, која преработува пилешко и говедско месо, користејќи домашна суровина. Произведени според високи критериуми и стандарди за квалитет, Лекер производите се здравствено безбедни и хранливи и на купувачите им овозможуваат сигурност, доверба и задоволство.

Нашето домаќинско работење, следењето на светските стандарди и грижата за животната средина, кулминираа со проектот Електро шари. Единствена биогасна централа во Македонија која годишно произведува 7,95 милиони киловат-часови електрична енергија, а за тоа дневно ќе троши 50 тони ѓубре.

Најголема потврда за нашето стратегиско работење е четиринаесет годишната поддршка од нашето опкружување, сограѓаните, купувачите и властите.

Сите напори на менаџментот и на вработените во Везе шари, Лекер и Електро шари се насочени кон квалитетот што го продуцираме за Вас, почитувани купувачи. Настојуваме и сме блиску до Вас, работиме напорно да го олесниме животот на секој наш купувач, го нудиме најдоброто, најсвежото, најквалитетното. А Вие тоа го препознавте.

Благодарение на Вашата поддршка, нашата приказна не завршува тука. Ќе продолжиме, заедно со Вас, да креираме нови успеси и заедно да уживаме во благодетите на нашиот труд.

Благодарение на Вам ценети купувачи, ќе продолжиме со нашата мисија, со производството на најквалитетните домашни производи.

Ви благодариме за довербата.

 

НАША МИСИЈА

Внимателно избраниот асортиман на производи со акцент на германската рецептура и домашното традиционално производство ни ја обезбедуваат одржливоста на пазарот и континуитетот во квалитетот.

Сакаме на секој купувач да му понудиме врвен производ преку квалитетна и безбедна достава и компетентен тим вработени.

Тежнееме кон проширување на асортиманот на производи со цел задоволување и на најпребирливиот вкус.

Нашата мисија е понуда на најквалитетните домашни производи.

НАША ВИЗИЈА

Главнaта водилка во Везе шари е доследноста во континуираното производство на производи со врвен квалитет и долга традиција.

акаме да станеме синоним за стабилност и мерило за квалитет и професионалност во сите сегменти на нашето работење, како и да стекнеме  подобри односи со сите наши групи од интерес:

Потрошувачите- нашите производи да им бидат најчестиот избор

Вработените- да бидеме најпосакуваниот работодавач

Останатите деловни субјекти- партнер од доверба и општествено одговорна компанија

Со еден збор, нашата визија е да ја достигнеме лидерската позиција на пазарот.

 

Нашата приказна е приказна за квалитетот, одговорното работење и традицијата од 15 години, проткаена со многу енергија и страст.

Започнувајќи ја со 30 вработени, денес дел од оваа успешна приказна се над 110 вработени.

Приказната Везе шари започна во 1999 година. Сосема случајна и кратка работна посета на една голема живинарска фарма во Минстрланд, Северна Германија, беше искра да се почне со голема инвестиција во Македонија. Сопственикот на компанијата Везе шари, Арбен Абдурахмани, процесот на одгледување пилиња до фаза на кокошки спремни за снесување јајца, го научил токму на оваа фарма.

Желен да се врати во својата родна татковина, Абдурахмани доаѓа до идејата да отвори мала живинарска фарма во селото Требош. Притоа, побарал помош од Hermann Seemiller, сопственик на живинарската фарма Seemiller, каде работел осум години. Наскоро се одлучиле за германско-македонска инвестиција во голема фарма, поради тоа што малата живинарска фарма не е профитабилен бизнис.

Вака, накусо, се „градеа “ денешните брендови Везе шари, Лекер и Електро шари.

2000 година – почнува изградбата на тоа што е денес Везе шари. Првично, се огради површина од два хектари и на влезот се постави дезинфекциона бариера. По ова, се изгради халата за одгледување пилиња каде што тие растеа во кокошки подготвени да носат јајца.

Потоа,  се изградија хала за кокошки, хала за сортирање, магацин за пакување, машински оддел со струен агрегат и други канцелариски простории.